Девојка си истетовирала пеги: Луѓето велат дека не била добра идеја за неа (ВИДЕО)
Во коментари на ТикТок, најмногу се огласуваат оние кои имаат природни пеги...
Една тату артистка од Австралија на ТикТок објави видео од една своја клиентка на која ѝ тетовирала пеги, а кое има скоро 800.000 прегледи.
„Ова е платното на кое морав да работа. Мојата клиентка има толку убава кожа, но како што гледате, нејзините црти на лицето се создадени за пеги“ - раскажа таа во видеото на кое прикажува една црвенокоса девојка.
Тату артистката кажа дека нејзините клиенти секогаш може да одберат делови на лицето на кои сакаат да имаат пеги и дека тоа мора да биде пред самата постапка за да може да ги мапира.
Откако тетовирањето завршило, на видеото можете да ги видите конечните резултати. Лицето на девојката е црвено, но тату артистката вели дека кожата нема да остане така црвена и дека бојата на пегите ќе се „смири за околу 50 проценти“.
Но, не беа сите воодушевени со ова тетовирање, а помеѓу нив биле и оние кои природно имаат пеги и кои цел живот се обидувале да се решат од нив.
„Сега само изгледа како осип“, „Ова ми предизвикува трипофобија“ - се само дел од коментарите.
Тетовирањето на пеги стана популарно во последно време, а за него се одлучуваат сите оние кои ги обожаваат пегите и кои секогаш сакаат да изгледаат како да се вратиле од море.
фото: Принтскрин / ТикТок