Девојки од ТикТок го негуваат природниот изглед: Гордо ги покажуваат своите влакна и признаваат дека не се бричеле со години (ВИДЕО)

Девојки од ТикТок го негуваат природниот изглед: Гордо ги покажуваат своите влакна и признаваат дека не се бричеле со години (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Што мислите вие за ова?

Колку слободно време ви одзема грижата околу отстранувањето на непосакуваните влакна на вашето тело?

Бричење, чупање, депилација, а потоа и сите оние здодевни пропратни појави како исекотини, иритација на кожата и поткожни влакна. Тоа се појави со кои секојдневно се соочуваат милиони жени ширум светот, бидејќи сме израснале со идеалот за женското тело кој е совршено мазен и нема ниту едно влакно (освен на косата и веѓите). Поради тоа нивното редовно отстранување е нешто што едноставно мора да се направи, ако не сакаш да бдиеш изложена на чудни погледи.

Но, изгледа дека помеѓу девојките има и такви одлучиле да му стават крај на тоа „морање“.

Меѓу нив е и ТикТокерката Калита. Таа не користела жилет три години и гордо ги покажува своите влакнести пазуви. Реакциите на луѓето се разновидни, од оние кои аплаудираат на природниот изглед и се обидуваат во коментари да објаснат дкеа не треба да се срамиме од нашите влакна, до оние кои се апсолутно згрозени, посочувајќи дека тоа што го прави е нехигиенски.

@calitafire3 Replying to @renaudschlur  correct  #hairywoman #bodyhair original sound - it’s me Calita Fire

Таа не е единствена, бидејќи на социјалните мржеи може да се пронајдат уште девојки, особено помеѓу генерацијата „зет“, кои го следат трендот кој го негува природниот изглед.

@mischagoeswilder We did what with @Jade  original sound - drizzy

Исто така, голем број холивудски ѕвезди храбро ги покажуваат влакната под пазувите или на некои други делови од телото, со цел да покажат дека бричењето или депилацијата не мора да биде неопходна, туку личен избор.

Последна ѕвезда која го направи тоа е актерката Рејчел МекАдамс, покажувајќи ги своите влакна под пазувите, а Емили Ратајковски уште пред неколку години во интервју за „Harper Bazar“ кажа дека влакната за неа се уште една можност за самата да одлучи што ќе прави со своето тело.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: