Девојките пронајдоа совршена чанта за школо или факс: Идеална за оние кои сакаат торба на едно рамо
Доволно голема за сите работи...
Ранецот е најдобрата идеја за на училиште бидејќи ќе собере многу работи и кога ќе го носите тежината на работите ќе се распореди на двете рамења, па ќе ви биде полесно да го носите. Ако тоа не е нешто што ви се допаѓа и сакате нешто поженствено и пофенси, уредно, тогаш ова е еден од изборите за вас.
Во средно училиште одамна престанало да биде практика да се носат само училишни ранци. Сè додека сите ваши работи се вклопуваат во вашата чанта, не е важно што носите. Без разлика дали се работи за ранец или поголема женска чанта на едното рамо - сè oдговара. Девојките сега пронајдоа чанта која е совршена за училиште или факултет, бидејќи е доволно голема да собере сè - и лаптопи и поголеми тетратки, а изгледа убаво и фенси.
Оваа „купер“ чанта изгледа навистина добро и цврсто - што е доста важно доколку планирате да ја наполните со работи.Има две големи прегради и една помала, што е идеална комбинација. Доаѓа во три бои, а чантата и боите во кои доаѓа можете одблиску да ја погледнете во галеријата погоре. И оваа девојка во видеото го стави на рамо, па можете да видите колку точно е навистина голема. Тоа не е единствената таква чанта што ја нудат.
Foto: bellastovey/Instagram