ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Проблеми во односите со пријателите
Овен
Ве очекуваат проблеми во односот со пријателите. Емотивно сте задоволни. Фокусирни сте на саканата личност и се трудите што повеќе време да поминувате заедно.
Бик
Незадоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате. Имате впечаток дека ве блокираат од сите страни. Вашата љубомора го расипува односот со саканата личност. Обидете се да се исконтролирате. На партнерот тоа многу ќе му значи.
Близнаци
Ве очекува кратко патување. Тотално сте незадоволни од односот со саканата личност. Имате впечаток дека партнерот е ладен и дека не го интересирате.
Рак
Работите на воспоставување на стабилни односи во семејството. Емоциите кон партнерот ви згаснаа. Се надевате дека и тој го има сфатено тоа и дека не морате да му ја објаснувате ситуацијата.
Лав
Прилично сте самоуверени и упорни. Силно посакувате да решите некој голем проблем. Не успевате да воспоставите конктакт со симпатијата. Малку сте смотани, што дури не личите на себе.
Девица
Прекинувате некое пријателство. Се чувствувате осамено. Не сте расположени за да излезете од дома и да се дружите, па така самите сте одговорни за непромената во љубовниот статус.