Дневен хороскоп за четврток: Љубов на прв поглед за неколку знаци

Дневен хороскоп за четврток: Љубов на прв поглед за неколку знаци

ОВЕН

Овој ден ќе ви донесе тешки деловни преговори, но на крајот ќе најдете компромисно решение. Сериозен разговор со партнерот за тоа што долго време ве мачи конечно ќе даде добри резултати. Сега слатко милениче би ве расположило, би биле попозитивни.

БИК

Планетарните аспекти ви носат зголемена енергија и желба да завршите сè на време. Напредување во кариерата. Ве оптоваруваат некои настани од минатото, бидејќи врската помеѓу вас и вашиот партнер е полна со нејаснотии. Вкочанетоста на 'рбетот ви ја намалува ротацијата на вратот.

БЛИЗНАЦИ

Потпрете се на тимската работа и не избрзувајте со одлуките. Имате интересно познанство со личност под знакот на Стрелец или Водолија. Почеток на љубовна авантура. Не треба да го игнорирате проблемот со бубрезите.

РАК

Овој период најавува нови елементи во вашиот бизнис. Можете да започнете долгорочна деловна соработка и да потпишете договор. Слободните Ракови можат да бидат разочарани од потенцијалниот нов партнер. Промени во расположението, од позитивност до меланхолија.

ЛАВ

Овој ден ќе одбележи големи вести во работната средина. Реорганизацијата може да ви донесе нов круг на обврски. Слободните Лавови конечно можат да најдат личност која целосно ќе им го привлече вниманието. Љубов на прв поглед. Вртоглавица, реагирате на промената на времето.

ДЕВИЦА

Девиците кои се занимаваат со креативна професија или со образование и издаваштво очекуваат голем успех и зголемување на популарноста. Слободните Девици можат да запознаат интересна личност на патување денес. Нов почеток. Одморете повеќе.

ВАГА

Доколку планирате да се преселите на подобро работно место кое повеќе ви одговара, сега е одлично време да аплицирате. Семејните односи можат да бидат проблематични денес. Отстранете ги луѓето кои ви се мешаат во животот. Ставете ги на нивно место. Вие сте оптоварени со работа.

ШКОРПИЈА

Овој ден може да ви донесе пријатни изненадувања во вид на пофалби за добри деловни резултати. Напредување во кариерата. Односот со партнерот ви се стабилизира и добива сè поголем квалитет. Следува натамошно зближување. Ќе имате проблеми со стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Држете се до вашите приоритети, бидејќи лесно може да се изгубите во деталите. Ве очекува финансиско подобрување. Пазете се од недефинирани љубовни врски со партнерот. Тоа може да ве исцрпи емоционално. Ревматските болки се речиси постојани во овој период.

ЈАРЕЦ

Овој ден ќе го одбележи склучувањето на долгорочен деловен договор. Финансиски успех на долгорочно ниво. Јарците очекуваат страсна љубовна врска со личност која ја познаваат од работа. Пазете се од скандали. Инфекција на умник, очекувајте дека же мора даго отстраните.

ВОДОЛИЈА

Посебен успех ве очекува доколку работите во медиумите или се занимавате со ИТ. Можни се големи и пријатни изненадувања. Водолиите кои се во брак треба да го надминат проблемот во односот со партнерот. Консумацијата на алкохол може да биде претерана сега, обидете се да држите сè под контрола.

РИБИ

Рибите во овој период можат да постигнат голем финансиски успех. Можно е да работите на два проекти истовремено. Слободните Риби денеска ги очекува интересно познанство на патување. Бурна љубовна авантура. Се нервирате од глупави ситуации, бидете помудри.


Извор: glossy.rs


Можеби ќе ве интересира: