До подолги нокти за еден месец: Промени кои го забрзуваат растот на ноктите
Доколку и ти си една од оние девојки на кои ноктите постојано и се кратки и никако да почнат да и растат, а тогаш кога ќе почна, веднаш се кршат, тогаш можеш да пробаш во својата дневна рутина да ги внесеш овие работи - за еден месец ќе ја забележиш промената.
# Маслата и кремите нека ти бидат најдобри пријатели
Хидратацијата е клучот за побрз раст на ноктите. Маслата за нокти се полни со антиоксиданси кои помагаат кутикулите да бидат здрави, но и го хранат местото каде што ќе израсне новиот нокт. Клучот кај нанесувањето на маслата е во истрајноста, бидејќи треба да се става секој ден, по неколку пати во текот на денот.
# Внимавај на исхраната
Како и за промените на кожата, така и ова има врска со исхраната. Колку ќе ти бидат ноктите здрави, зависи од тоа како се храниш. За нив е особено важен витаминот Б9. Состојките во кои најмногу го има овој витамин е храната, како што се на пример гравот или житариците. Нема да биде лошо во исхраната да внесеш повеќе протеини, биотини, цинк и железо.
# Користи лак за забрзување на растот на ноктите
Доколку сакаш да им помогнеш на ноктите да растат побрзо, уште една работа која помага е лакот за нокти кој го забрзува растот. Иако ова звучи како нешто што ќе ви ги потроши парите и нема да делува, навистина делува. Потврдено е. Ваквите лакови најчесто се проѕирни, па можеш да ги користиш и како дополнител слој под вашиот омилен лак.