Доби ланче со посвета: Обожавателите воодушевени од потегот на мажот на Ким
Најпознатата сестра Кардашијан се пофали со подарок кој го доби од сопруг Канје Вест.
Раперот на сопругата Ким Кардашијан и подарил ланче од францускиот луксузен бренд Cartier на кој изгравирал текстуална порака.
Ким со подарокот се пофали на социјалните мрежи, но откри и што и изгравирал на ланчето.
„Ова е твојот живот. Имаш 4 деца, вадиш луѓе од затвор, беше на насловната на Vogue, одиш во црква секоја недела со своето семејство, соништата се остваруваат“ - пишува на посветата.
Во описот на фотографијата Ким го пофали својот сопруг како некој кој многу паметно бира подароци, а фотографијата за кратко време доби повеќе од 2,5 милиони лајкови.