Додека Ким е во Рим, Канје Вест не се одвојува од децата: Со нормалното однесување ги воодушеви луѓето
Американскиот рапер Канје Вест неколку дена уживаше со своите деца во Мексико, додека неговата наскоро поранешна сопруга Ким Кардашијан е на патување во Италија, а новата девојка Ирина Шајк го воодушевува светот со фотографии на кои е разголена.
Имено, раперот помина квалитетно време со своите деца во уметничкото одморалиште сместено на брегот на Мексико.
Тој во средата е уловен од папараците со својата најстара ќерка Норт на аеродром, а подоцна им се придружија и синовите Сејнт и Псалм, како и ќерката Чикаго, кои беа со својата дадилка и обезбедување.
Тiе се фотографирани на термилот пред летот за Лос Анџелес, а од фотографиите може да се забележи и дека раперот е многу посветен татко и дека овој пат беше на должност, додека Ким е во Рим со Кејт Мос и нејзината ќерка.
Канје во оваа прилика со себе носеше неколку куфери иако таму поминаа нешто помалку од 5 дена, а носел и огромни звучници, па сите се прашуваат зошто престојувал таму.
Инаку, доби и голем број на коментари на сметка на изгледот, поради потполното опуштено и природно однесување на аеродромот.
„Дали му недостасува Ким?“, „Секоја чест, посветен татко“, „Тој е чуден, но мислам дека е добар татко“, „Каде е Ирина?“ - се само дел од коментарите кои ги пишуваа обожавателите.
фото: Profimedia/Backgrid USA