Досега немате видено ваков маникир: Ноктите на Селена Гомез се вистинско ремек дело (ФОТО)

Досега немате видено ваков маникир: Ноктите на Селена Гомез се вистинско ремек дело (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

За многу дами нотките се важен сегмент кога сакаат да изгледаат убаво, но ваквиот маникир е толку убав и необичен што слободно може да биде изложен во некој музеј...

Селена Гомез важи за една од познатите девојки кои едноставно секогаш се во центарот на вниманието, а последен пат тоа беше пред неколку дена.

Тогаш еден туторијал на тема шминкање и нега на кожата, непланирано замина во правец на лековите кои Селена мора да ги пие до крајот на животот.

На нејзините следбеници им падна во очи тоа што рацете ѝ се тресат, особено во моментот додека ставаше мицерална вода.

„Се тресам поради лековите за лупус“ - им кажа тогаш на своите обожаватели.

Поради својата болест, Селена мора цел живот да пие лекови, а од тогаш откри и дека боледува од биполарно пореметување. Како што истакна, најлошо се чувствува на музичките турнеи, кога е насочена на работата и кога поминува многу време сама.

Но, покрај сето тоа, Селена Гомез отсекогаш важена за дама со стил. Нејзината облека, нејзините модни комбинации, шминката, обувките и накитот се редовна тема во модните магазини ширум светот. И тоа е апсолутно оправдано, бидејќи Селена никогаш досега не разочарала на тоа поле.

Овој пат воодушеви со нешто што често знае да падне во втор план кога се зборува за модата, а тоа се ноктите. Маникирот на Селена крена голема прашина последните денови, особено во позитивна смисла. Во коментари на социјалните мрежи и во странските медиуми, овој, слободно можеме да кажеме дизајн, се опишува како вистинско уметничко дело.

Има и такви кои коментираат дкеа овој цветно - пролетен мотив на нејзините нокти слободно може да најде место во некој музеј. Покрај ваквите, може да се најдат и бројни пофални коментари за идеите кои ги има овој уметник.

фото: Притнскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: