Доставувач на храна ѝ испратил порака на девојка, а потоа добил отказ: Твитерџиите од Србија започнаа жестока дебата (ФОТО)

Доставувач на храна ѝ испратил порака на девојка, а потоа добил отказ: Твитерџиите од Србија започнаа жестока дебата (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Замислете само некој преку работа да дојде до вашиот телефонски број, а потоа да го искористи на овој начин?

На Твитер во Србија започна вистинска дебата поради девојката која го пријавила доставувачот на храна, бидејќи ја искористил својата положба да дојде до нејзиниот телефонски број и да ѝ испрати приватна порака. Доставувачот добил отказ, а корисниците на Твитер немаа милост.

Сѐ започнало откако доставувачот ѝ испратил порака на девојката: „Како ти се допадна јадењето?“. Таа потоа го пријавила во компанијата, бидејќи ја злоупотребил својата положба за да ѝ се додворува, а доставувачот потоа добил отказ.


Потоа, повторно ја вознемирувал девојката, за тоа што го пријавила, иако очигледно е дека податоците од фирмата во која работи ги искористил за приватни цели, што во секој поглед е неприфатливо.

Но, Твитерџиите застанаа во одбрана на момчето, бидејќи „не бил вулгарен“, па не заслужил девојката да го пријави, иако фактот дека тој сега го има нејзиниот телефонски број и знае на која адреса живее.

Наведуваат и дека нејзината реакција е претерана, дека не би го пријавила да бил згоден, како и дека се ставила себе во дополнителна опасност.

„Како правник и „data protection specialist“ ќе кажам „ова е недозволена обработка на податоци“. А, како човек: ало бе, дали имаш памет и некој поради тебе да ја изгуби работата поради обични будалаштини. Ѝ испратил порака, можеш ли да замислиш. Па што? Ако не сакаш контакт со него, ќе му кажеш дека не сакаш и готово. Ако е нападен, ќе му се заканиш дека ќе го пријавиш, па дури потоа пријави го. Ајде малку емпатија. Што не можат оние кои едвај чекаат да искористат некое од своите права, па макар тоа да значи дека некој несразмерно ќе настрада. Како тие што се јавуваат во пазарна инспекција, па страда продавачката која работи за минимална плата“ - беше еден од коментарите на Твитер.

„Многу ве вознемирува вашиот став. Не сум правник, но се занимавам со слични рбаоти поврзани за заштита на податоците. Ова е тежок прекршок, несомнени казни во ЕУ, претпоставувам многу помалку во Србија. Отказот е сосема адекватен. Ова најверојатно е дополнителен пропуст на компанијата во врска со обуката на вработените“ - одговори друг корисник.

„Не ми делува дека момчето направило нешто лошо. Нормално е момците да им се додворуваат на девојките. Тоа што девојката е таква каква што е, не е негова вина. И навистина ми е жал што му се случило ова лошо искуство“ - гласеше мислењето на трет корисник.

„Значи не бил нејзин тип на момче, да бил, би била воодушевена како тој на оригинален начин ѝ се додворува“, „Ова е лизгав терен. Правни имала свое право да го направи тоа. Но... Лужето сѐ потешко се запознаваат, има многу што се несреќни и сами. Можеби имал лоша проценка. Можеби двајцата флертуваме. Не знаеме како изгледала нивната средба... Не бил некултурен, се обидел да флертува“ - гласеа другите коментари.

Сепак, многу жени споделија слични, морничави искуства, кои покажуваат зошто пријавата на девојката е повеќе од оправдана.

„Ми се случило повеќе пати и искрено е ужасно чувството, бидејќи знае каде живеам плус го има мојот број. Ми се случило и на други места, на како пример и на граница кога странскиот полицаец го искористи мојот пасош да ме додаде на Инстаграм во рок од 3 минути без мое одобрение, така што за таквите веднаш треба отказ“, „Ова се случува почесто отколку што мислите. Мене курирот „откако неколку пати ми достави неколку пакети и се обиде да ме шармира) ме повика да му средам нешто на работа. Прво некое време избегнував да нарачувам, а потоа ја променив адресата за доставување и сега друг ми доставува“, „Кога имав 14 години имав ситуација дека момчето кое стоеше зад мене во редот во трафика, го слушна мојот телефонски број, додека си ставав кредит. Вечерта ми се јави и самиот ми кажа како дојде до мојот број“, „Флешбек на Турција, каде во хотелот, рецепционерот на основа на податоците од пасошот не додаде нас три девојки на социјалните мрежи и нападно се обидуваше да се дружи со нас, а да не споменувам дека можеше да знае дали сме во хотелот, имаше пристап до собата и слично“, „Се сеќавам кога отидов на преглед кај пулмолог и потоа тој ми испрати барање на Инстаграм. Се чувствував многу лошо. Го блокирав. Но, тоа и понатаму ми е „creepy“. Не го правете ова“, „Мене ова ми е морничаво и се сетив кога доставувачот ме праша дали сум сама дома“, „Ова ме потсети дека пред некоклу години ми дојде дома мајстор да поправи нешто и по неколку часа ми стигна порака на Фејсбук, дека бил кај мене дома и дека сум била слатка“, „Минатото лето дојде едно момче да ми приклучи кабловска. Си замина, ја пробав да го вклучам телевизорот и ми бараше некоја шифра, по што јас му се јавив на истиот телефон, а тој ми кажа дека намерно ја ставил шифрата за повторно да го повикам и да го замолам да дојде да ми го поправи тоа“, „Ова ме потсети кога одев во туристичка агенција да уплатам за летување, го оставив телефонскиот број, а момчето од агенцијата по половина час ми испрати порака дека убаво мирисам“, „Пред неколку години некој возач кој еднаш ме возеше се распрашуваше за мене и тоа го дознав од луѓето кои живееја во истата зграда“.

За потсетување, според Законот за заштитата на податоците за личност во Србија, не може да се обработуваат соберените податоци освен по основа по која на лицето му е даден пристапот до нив.

фото: Принтскрин / Твитер / freepik.com

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: