Дуа Липа ризикуваше: Различна од сите претстави неверојатен моден трик
Сите останаа без зборови кога го видео најновиот изглед на Дуа Липа. 24 - годишната пејачка се појави во Сиднеј на 33 - та музичка церемонија „Australia music ARIA Awards“.
Во Австралија, пејачката ја претстави и новата песна.
Погледите на обожавателите не беа насочени кон нејзиното модно парче, туку кон нејзиниот шокантен изглед.
За церемонијата, Дуа Липа се одлучи за бел мини фустан од пердуви. Црните хулахопки, кои го надополнуваа белиот фустан беа навистина изненадувачки. Ова е нешто што е речиси забрането во модните комбинации и ниту една девојка никогаш не би си го дозволила тоа.
Но, се покажа дека пејачката е многу добра во правење на скандалозни комбинации.
Точкестите црни хулахопки ги спои со црни чевли на висока платформа.
Сите модни експерти беа категорични дека оваа чудна комбинација имаше неверојатна предност - истата визуелно и ги издолжуваше нозете на пејачката.
Контрастниот црно - бел изглед на Дуа Липа беше разреден со светло розев маникир и големи прстени на секој прст.
Што мислите вие за овој чуден изглед на пејачта?