Два пати била во здравствена установа: Хелси проговори за биполарното пореметување!
Менталното здравје е важно, а тоа го истакна и оваа позната пејачка.
Веќе објавивме дека Хелси се појави на насловната страница на списанието Rolling Stone. Пејачката во интервјуто објасни дека два пати била во здравствени установи поради биполарно пореметување и тоа откако станала популарна.
Таа кажува дека биполарното пореметување и е дијагностирано во седумнаесетата година кога пробала да си го одземе животот.
Откако станала популарна и започнала да заработува за своето семејство станала поодговорна кон своето ментално здравје:
„Не се срамам да зборувам за тоа. Мој беше изборот да одам во болница. Му кажав на менаџорот дека нема да направам ништо лошо, но се плашам да не дојдам до моментот кога би можела. И понатаму тоа се случува во моето тело, но сега знам да се изборам со тоа“ - рече таа.
Истакнува и дека се чувствува подобро откако почнала отворено да зборува за менталното здравје.
Затоа запомни, секогаш е подобро да се побара помош и да се обратите на стручни лица или на семејството и пријателите кои ќе ти помогнат во борбата.