Џастин Бибер ужива во луксузот: Својата сопруга ја однесе на состанок во автомобил од 450.000 долари
Канадскиот пејач Џастин Бибер ја однесе својата сопруга Хајли Бибер на вечера во Лос Анџелес, а за таа прилика пејачот ја покажа својата кратко ишишана коса, откако со недели носеше суканици.
Имено, Џастин и Хајли стигнаа во еден ресторан со неговиот сребрен „Ролс Ројс“, за кој обожавателите велат дека изгледа како „Бетмобил“.
Убавата манекенка и пејачот се фотографирани во интересни модни комбинации, додека изглегуваа од електричниот „Ролс Ројс“, кој изгледа како да е автомобил од иднината и чини 450.000 долари.
фото: Backgrid