Џастин и Ариана со заедничка песна: Еве како да бидеш дел од нивниот спот

Џастин и Ариана со заедничка песна: Еве како да бидеш дел од нивниот спот

Објавена во: Stars // Музика

Обожавателите не знаат што со себе од среќа. Песната ќе биде објавена за неколку дена!

Ова е една од оние соработки за која сите сакаат да се случи, но никако не дојде на ред досега. Ариана Гранде и Џастин Бибер конечно и официјално потврдија и ја најавија соработката која само што не ја има здогледано светлината на денот.

Тие пред неколку дена објавија дека на 8 мај излегува нивната заедничка песна „Stuck With U“. Како ова самото по себе да не е одлична вест, има уште. Оваа песна ќе се објави како дел од хуманитарната соработка со First Responders Children's Foundation, што значи дека заработката од стримингот и продажбата ќе оди за стипендии и школарини за децата на оние кои се вработени во здравството, сите медицински лица, полицијата и пожарникарите, со оглед дека оние професии овој период беа во првите борбени редови против пандемијата која го зафати целиот свет.

Но, ова не е се. Сега следи најдобриот дел - како и ти да станеш дел од нивниот спот за оваа песна. Двајцата музичари на Инстаграм објавија инструментална верзија од песната и ги повикаа своите обожаватели да им помогнат во изработката на официјалното видео. Џастин сето ова го сподели на својот Инстаграм профил.

„Сакам да ве видам како се забавувате во карантин. Ова е матурска песна за сите оние кои сега не може да имаат своја матурска вечер. Твитнете ги вашите видеа со хаштаговите #stuckwithu или #stuckwithuvideo во кои ќе ги облечете своите фустани и одела за матурската забава и ќе се забавувате, играјќи со саканите на иструменталот од оваа песна“ - напиша Џастин. Ариана додаде дека доколку го немате тоа, само забавувајте се вашите драги луѓе (или пак сами или со домашните миленичиња, се е дозволено). Важно е само да се забавувате и да танцувате на инструменталот на нивната заедничка песна, да ставите хаштаг и да го твитнете видеото.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: