Џејмс бара нова „бјути“ ѕвезда: Наградата е 50.000 долари

Џејмс бара нова „бјути“ ѕвезда: Наградата е 50.000 долари

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Џејмс со своите пријатели ја сподели среќната вест, секако, на својот Јутјуб канал.

Џејмс Чарлс сними видео за својот Јутјуб канал, а во видеото објави голема вест - го најави своето талент шоу за убавина во кое бара нова „бјути“ ѕвезда. Во натпреварувањето ќе може да учествуваат шест талентирани луѓе кои тој и неговиот тим ќе ги одберат, а победникот ќе освои неверојатна награда и шанса да стане нов голем инфлуенсер, јавува PopBuzz.

Џејмс сам го пишува сценариото и го продоцура шоуто за таленти, а првата епизода на неговиот Јутјуб канал би требало да излезе на пролет следната година.


Иако се уште не откри како ќе се вика ова талент шоу, го откри она што најмногу ги интересира сите, колку изнесува главната награда. Главната награда за победникот на ова натпреварување ќе се збогати за 500.000 долари, но и други вредни награди кои подоцна ќе ги открие.

Натпреварувачите во ова шоу ќе се оценуваат на основа на нивниот „уметнички талент и едиственост“, објасни Џејмс, но ќе може да се пријават само оние кои веќе имаат активен Јутјуб канал за кој се снимаат.

Оние кои ќе сакаат да се пријават треба да снимаат „chit-chat get ready with me“ видео во кое ќе се претстават на Џејмс и ќе му ги покажат своите вештини за шминкање, а видеото треба да трае максимум 5 минути. Пријавувањето трае до 21 ноември, а сите кои сакаат, може да се пријават на официјална страница на Џејмс.

По овој датум, Џејмс ќе ги одбере 6 - те финалисти кои ќе патуваат на снимање во Лос Анџелес.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: