Џејмс Чарлс уште еднаш ги ископира сестрите Џенер: Овој пат Кајли беше на тапет
Може да се каже дека Џејмс ја искорипа Кајли од глава до автомобил...
Минатата недела Кајли Џенер сподели фотографија на која заводливо позираше и го покажа задникот додека позираше пред луксузниот автомобил.
Еден час подоцна откако ја објави фотката, во истата поза и со истата позадина се фотографираше и Џејмс Чарлс, пренесува порталот Seventeen.
„Двајца може да си ја играа оваа игра“ - напиша Џејмс на Инстаграм и ја означи Кајли. Ова не му е првпат да предизвика некоја од сестрите Џенер. Порано овој месец, тој ја ископира и Кендал.
И додека некои му велат дека тој е „третата Џенер сестра“, голем број сметаат дека претерува во копирањето. Што мислите вие?