Џемперот ти е крут и те гребе: Трик како да го направите мек и нежен

Џемперот ти е крут и те гребе: Трик како да го направите мек и нежен

Објавена во: Мода // Moj стил

Прекрасните волнени џемпери, се едни од зимските парчиња од кои не можеме да се откажеме лесно. Ништо не е страшно доколку имате дебели џемпери. Но, што правиме со она чувство на гребење на кожата? Тоа е веќе друга приказна. Волнената плетка може многу да ја иритира кожата. За среќа, го пронајдовме овој трик кој ветува дека џемперот ќе биде помек, понежен на допир и помалку ќе ја иритира кожата. Вреди да се испроба!

Се што ти треба за својот волнен џемпер да го направиш нежно парче кое прекрасно те грее е сад со ладна вода, малку алкохолен оцет, омекнувач за алишта и пешкира. Целата постапка е преедноставна:

# Наполни го садот со 5 литри ладна вода. 

# Додај 1 - 2 дл. бел оцет.

# Потопи го џемперот во вода. Така нека отстои 15 минути.

# Извади го џемперот и исцеди го.

# На џемперот, без додавање вода, стави поголема количина на омекнувач за алишта и со раце малку гмечи го џемперот за омекнувачот да влезе во сите влакна.

# Остави го омекнувачот да делува половина час.

# Убаво испери го со ладна вода, а потоа остави го да се исуши наместен на пешкир. Кога ќе се исуши ќе биде нежен и повеќе нема да те гребе.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: