
Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди
Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди
Македонски Телеком го одбележува Денот на планетата земја, со еко активности засобирање стари уреди, коишто имаат за цел заштеда на природните ресурси и намалување на електронскиот отпад.
Акција Еко попуст
Продолжува акцијата за собирање стари уреди, со уште поголеми поволности за корисниците. Отсега еко попустот за T Phone, кој изнесува 3000 денари ќе биде активен во текот на целата година. Проширена е и палетата на стари уреди за кои се добива попуст и освен телефони, корисниците ќе може да остават: слушалки, таблети, паметни часовници, полначи.
Оваа акција во која корисниците дирекно придонесуваат, почна пред неколку години и досега се собрани над 40 000 стари мобилни уреди кои се рециклираат во партнерство со „Нула Отпад“.
Иницијативата Еко-попуст го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta, кој го доделува Дојче Телеком за исклучителни еко - иницијативи од целата групација.