Емоции во движење: Танцот на Сања и Димитар ќе ви ја разгали душата!

Емоции во движење: Танцот на Сања и Димитар ќе ви ја разгали душата!

Млади, инспиративни, полни со страст, љубов и посебен жар, Димитар Мишев и Сања Матеева секојдневно сѐ повеќе се надградуваат во многу различни танци. Од „бачата“ до „салса“, секој танц го играат со истата желба. 

Танцовиот клуб „Сонриса“ им е речеси втор дом, а подиумот место за релаксација и одмор. Како изгледа кога двајца млади, кои се вљубени во танцот ќе ги спојат енергиите, ќе ве оставиме самите да процените откако ќе ги изгледате видеата. 

Имено, танцовиот клуб „Сонриса“ постои веќе 6 години, основан е од Димитар Мишев и Нина Лековска. И, секако доколку Димитар и Сања ве поттикнаа да пробате нешто ново со вашиот партнер, слободно впуштете се во акција!

И.М.

Можеби ќе ве интересира: