Емотивно признание на Хејли Бибер: Откри како ги проживеала најтажните и најтешките моменти во животот
2023 година ѝ започна навистина лошо...
Иако животот на познатите ѕвезди ни изгледа совршен, тоа секогаш не мора да биде така. Хејли Бибер на својот Инстаграм профил сподели сториња преку кои им се пожали на следбениците дека се чувствува многу „ранливо“.
„Сакам да се шегувам на сметка на тоа како се чувствувам, бидејќи тоа понекогаш е полесно, отколку да признаам дека ми е тешко“ - вака ја започна својата емотивна исповед.
„Но, искрено, од почетокот на 2023 година доживеав некои од најтажните, најтешките моменти кои некогаш сум ги имала во животот, а мојот ум и емоции беа во најмала рака „ранливи“. И знам дека многу други луѓе се чувствуваат како и јас. Па, само да знаете дека не сте сами“ - заврши Хејли.
Потоа следуваше уште една објава.
„Со оглед на тоа, да бидеме тука едни за други. Да бидеме тука за саканите личности и пријателите, семејството и странците. Да бидеме тука за луѓето... Да продолжиме да се појавуваме едни за други дури и кога е тешко. Подобро ни е заедно“ - порача манекенката и сопственичката за линија на нега на кожата.
Дури оние личности кои изгледаат дека се среќни и безгрижни може да имаат проблеми, па сите би требало да го послушаме советот на Хејли и да се обидеме да бидеме љубезни едни кон други. Светот секако би бил поубаво место.
Ваквата емотивна исповед за тоа како навистина се чувствува и низ што минува, најверојатно е поврзана со скандалот од пред неколку месеци.
Имено, доживеа напад од милиони обожаватели на Селена Гомез. Сѐ започна откако таа и нејзината пријателка Кајли Џенер ја исмеваа Селена преку социјалните мрежи. Добиваше секакви пораки и закани по живот, луѓето престанаа да ја следат на социјалните мрежи, а дури и критиките на сметка на нејзиниот бренд за нега на кожа станаа сѐ погласни и почести. На сето тоа, се појавија и озборувања во американските таблоиди дека во бракот со Џастин Бибер не им цветаат рози.
Иако никако не е во ред што ја исмеваше Селена, не е во ред ниту количината на омраза која ја доживеа по сето тоа. Дури и Селена застана во одбрана на Хејли и ги повика своите обожаватели да престанат со малтретирањето на девојките на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм