Филмови кои докажуваат дека не смееш да имаш ниски очекувања од момчето: 8 поради кои ќе знаеш што заслужуваш

Филмови кои докажуваат дека не смееш да имаш ниски очекувања од момчето: 8 поради кои ќе знаеш што заслужуваш

Објавена во: Stars // Филм

Овие филмови се реални и прикажуваат искрена љубов...

Доколку сега брзо си започнала врска или се двоумиш околу тоа дали треба да раскинеш со момчето или не, прво мораш да ги изгледаш овие филмови. Тие навистина докажуваат дека е можно момчето убаво да се однесува кон девојката, а и дека девојките не би требало да ги спуштаат своите критериуми поради момчињата.

Овие филмови докажуваат дека момчињата може навистина да бидат добри и да имаат почит кон своите девојки. Токму поради тоа треба да ги погледнеш за да знаеш што можеш да очекуваш од своето момче, а и дека не треба ни по една цена да ги симнуваш критериумите за да ви фукционира врската. Неколку приказни од овие филмови се снимени и по вистински настани, што значи дека не се во прашање измислени приказни, туку реални прикази на љубовта во врските.

# Step Up

Овој е еден од оние филмови за кој ретко кој не знае. Филмот ја прикажува љубовта помеѓу двајца танчери кои всушност танцуваат потполно различен стил, а сакаат и различни работи во кои уживаат. Но, тоа не значи дека не можат да бидат заедно, а тоа го докажаа и во филмот.


# The Kissing Booth

Овој романтичен серијал на филмови често се споменува во разни листи со филмови, а тоа е така бидејќи има причина за тоа. Иако на некои не им се допаѓа како заврши последното продолжение, воопшто не се доведува во прашање за тоа колку Ноа се трудеше околу Шели. Не се трудеше само тој, туку и неговиот брат, кој беше нејзин најдобар пријател. Тоа докажува дека момчињата може да бидат неверојатно внимателни и да имаат многу почит кон девојките, без разлика дали е во прашање момче или другар.


# When We First Met

За овој филм сигурно ќе ти треба едно големо пакување хартиени марамчиња. Сценариото на филмот совршено прикажува колку момчињата може да бидат добри кон девојките. Тоа го докажува и Ноа кој неколку години порано ја пропуштил можноста да ѝ каже на девојката дека ја сака. Но, тој сега сака да ја искористи временската машина за да се врати во времето за да ѝ го каже ова и многу се труди да ја промени својата тогашна одлука.


# Tall Girl

Ова е филм кој го следи животот на многу висока девојка која поради својата висина имала недостаток на самодоверба и тоа било клучната причина поради која момчињата ја одбивале. Но, на едно момче во филмот, висината не му пречела, а тоа ѝ го докажа и со своите убави постапки кон неа.


# Another Cinderella Story

Во принцип секој филм за Пепелашка е прекрасна приказна за себе. Причината за тоа е што принцот, односно момчето кое го глуми главниот лик, особено се труди околу Пепелашка и смислува секакви начини за да ја пронајде по една прекрасна вечер, која ја поминале заедно. Во овој сценариото е интересно, а и малку поинакво од обичната Пепелашка, бидејќи е прикажана на тогаш, модерен начин.


# Five Feet Apart

Дека вистинската љубов нема граници, без оглед на сѐ, докажуваат и ликовите во филмот „Five Feet Apart“. Иако поради болеста не можеле да бидат постојано заедно, тој пронашол начин како да ги олесни долгите денови во болница на својата девојка.


# The Last Song

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт навистина се заљубија во текот на снимањето на овој филм, па почнаа врска и во вистинскиот живот. Токму поради тоа филмот е посебен, бидејќи се гледа хемијата помеѓу овие двајца актери. Не само што тоа е и повеќе од очигледно, туку Лиам, односно Вил во филмот, неверојатно многу се труди околу Мајли, особено кога таа ќе има смртен случај.


# If I Stay

Овој филм раскажува прекрасна приказна, не само за заљубена двојка, туку и за несреќата која ѝ се случила на Миа, главниот лик во филмот. Покрај сите лоши моменти и ситуации, нејзиното момче докажува дека до самиот крај ќе остане со неа, која одлука ѝ да ја донесе таа, а тоа го докажува и со неговото убаво однесување кон неа.


фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: