(ФОТО) Чизмите кои се апсолутен хит оваа зима
Со светкави кристали или со парчиња „стакло“, чизмите кои потсетуваат на диско-топка се најбараните обувки за оваа зима.
Маноло Бланик и Џими Чу претставија модели на „Диско чизмите“ комплетно покриени со светки на висока тенка потпетица, а Ив Сент Лорен нуди модели со мала четвртаста потпетица.
Слични модели можете да пронајдете по пристапни цени од брендовите H&M и River Island, а во продолжение ви претставуваме уште неколку модели кои нам ни се допаднаа.