(ФОТО) Еден пар фармерки, 3 аутфити: Модни совети од Оливија Палермо
За добар стил не се потребни многу пари.
Оливија Палермо покажа дека добар стил секогаш не зависи од пари. Потребна е само малку креативност.
Таа комбинираше еден пар фармерки на три сосема различни начини и уште еднаш покажа како треба да изгледа добар стајлинг.
Секоја жена во нејзиниот гардеробер мора да има добар пар фармерки, со кој може да се создадат многу различни комбинации.
Еве како тоа го стори Оливија:
Еднаш ги искомбинирна полежерно, со јакна во кафеави нијанси.
Следно, со долга кошула со интересни детали и подолга јакна - изгледајќи успешно и моќно.
Трет пат, фармерките ги искомбинира со салонки со високи потпетици, блуза со детали од чипка и цветно палто, што е одличен предлог за вечерно излегување.