(ФОТО) Го замени зелениот минт фустан: Ријана во рокерско издание
Ријана заблеска во црн фустан и кожна јакна додека заминуваше на забавата по „British Fashion Awards“.
Ријана ги покажа нозете во црниот мини фустан на забавата на „British Fashion Awards“. Изгледа прекрасно во краткиот фустан, над кој имаше црн кожен капут до колена, а околу вратот црн тул.
На себе, исто така имаше и црни сандали и хулахопки, а сето тоа го збогати со цра чанта, сребрени нараквици и портокалов кармин. Фризурата и остана иста.
Инаку Ријана пред тоа на црвениот тепих се појави во зелен минт фустан и шминка во боја на кожата, а за забавата ја промени само бојата на карминот и обетките.
Таа го извади и дијамантскиот чокер кој го носеше на претходната комбинација. Пејачката на оваа забава се појави со Џенет Џексон, а како што пишуваат странските медиуми тие соработуваат на новата песна.