(ФОТО) Хана полни 4 години: Прв роденден без тетка Тијана
Денеска ќерката на пејачката Тамара Тодевска полни 4 години. Имено Хана слави роденден во домашна изолација во Гевгелија.
- Ова е мојата вила Хана, се роди пред 4 години на денешен ден, и ова е прв роденден што не го славиме заедно, но ќе има уште многу родендени и убави денови, девојче мое најмило, само нека сме здрави! Те сака твоја кека до небото и ѕвездите- напиша Тијана на фотографијата од Хана.