(ФОТО) Каква мајка - таква ќерка: Тамара и Хана со ист стајлинг во „Дајте музика“

(ФОТО) Каква мајка - таква ќерка: Тамара и Хана со ист стајлинг во „Дајте музика“

Објавена во: Музика, Семејство

Неодамна започна снимањето на една од најпопуларните емисии за деца „Дајте музика“. Младите повторно на екраните ќе може да гледаат квалитетна детска и музичка програма, а во секоја емисија на младите и талентирани деца познати имиња ќе им прават друштво.

На последното снимање друштво на дечињата од екипата на „Дајте музика“ ќе им прават пејачката Тамара Тодевска и нејзината ќерка Хана. За ова не извести пејачката, која сподели фотографија од нејзе и Хана на својот Инстаграм профил.

И двете облечени во жолти здолништа и маички во иста боја, позираа пред објективот. Каква задача ќе имаат тие, останува да видиме откако ќе почне да се емитува оваа емисија.


Објавена во: Музика, Семејство

Можеби ќе ве интересира: