(ФОТО) Колку пари троши Меган Маркл на гардероба?
Аутфитите на Меган Маркл на кои секојдневно им се восхитуваме чинат мало богатство, а експертот за животниот стил на кралското семејство, Кејти Никол, ги сумираше цените на гардеробата што Меган ја носеше во јавноста откако поранешната актерка се омажи за Принцот Хари. Од износот што го постави за нејзината облека, ќе ви се заврти во главата.
Нејзината кралска гардероба се проценува на 1 милион долари, а Никол откри дека пред свадбата Меган сама ја покривала цената на облеката што ја носела. Таа обврска сега наводно му припаѓа на Принцот Чарлс, бидејќи тоа е обичај во кралското семејство. „Меган сега е амбасадор на британската монархија, па затоа обврска на кралското семејство е да ја плати нејзината работна облека“, вели Кејти.
Со оглед на вниманието што Меган го предизвикува во јавноста, се чини дека секој долар вложен во нејзината гардероба се исплатеше.
Во продолжение дел од креациите на Маркл и колку истите чинеа.
Кралската венчавка - фустан на Живанши од 440.000 долари
Свадбен прием - фустан на Стела Мекартни од 157.000 долари
Забава пред Бекингамската Палата- фустан на Гоат од 643 долари
Trooping the Colour - фустан на Каролина Херера од 4.000 долари
Прв настан со Кралицата Елизабета Втора - Фустан на Живанши од 18.000 долари
Royal Ascot - фустан на Живанши од 2.300 долари