(ФОТО) Меган Маркл повторно го прекрши кралскиот протокол!
Војвотката Меган Маркл изненадувачки се појави на Британските модните награди во Лондон за да ѝ покаже особена чест на нејзината пријателка Клер Вајт Келер, уметничкиот директор на Живанши, кој ја дизајнираше славната венчаница на Меган, а беше именувана како британски дизајнер за женска облека на годината.
Сопругата на принцот Хари како и секогаш изгледаше одлично, но овојпат прекрши еден важен кралски протокол. Имено на членовите од кралската фамилија не им е дозволено да ги лакираат ноктите со лак во темна боја. Меган ова правило не го испочитува и се појави во темен лак.
Кралицата Елизабета смета дека темните лакови за нокти се вулгарни, но очигледно е дека Војвотката од Саксес ужива во бременоста и не се грижи за таквите детали.