(ФОТО) Непрепознатлива: Кендал Џенер ја промени бојата на косата
Додека нејзината сестра Кајли Џенер преку ноќ станува русокоса, иако имаше црна коса и ги испробува сите нијанси, Кендал сака да се држи до својата темна коса, па само една недела помина како русокоса. Но, очигледно на Кендал и недостасуваат тие денови, па повторно има нова нијанса на косата, а со еден филтер кој го употреби таа изгледа непрепознатливо.
Имено, Кендал на Инстаграм конечно го покажа својот нов изглед - таа одлучи да стане русокоса, а за да биде поинаква, на фотката има филтер кој и ги прави очите сини. Сево ова е навистина необично за Кендал, бидејќи на прв поглед е непрепознатлива, но веројатно ќе се сложите дека овој изглед навистина добро и стои. Сепак, не верувам дека таа долго ќе го „фура“, бидејќи отсекогаш имала темна боја на коса.
Судејќи по нејзините малку постари објави на Инстаграм, очигледно е дека Кендал оваа боја на коса ја има од средината на април, бидејќи и на фотографијата на која го шета своето милениче има светла нијанса. Таа исто така оваа недела сподели фотографија од таа една недела кога беше русокоса за потребите на Модниот викенд, па така практично со тоа ја навести оваа промена.