(ФОТО) Сторми растура: На една година веќе има насловна!

(ФОТО) Сторми растура: На една година веќе има насловна!

Објавена во: Мода // Moj стил

Лицата од новата насловна страница на арапскиот Harper's Baazar се Крис и Кајли Џенер и едногодишната Сторми Вебстер. Кајли за магазинот даде и интересно интервју во кое зборува за мајчинството.

„Откако станав мајка, мојот поглед на светот тотално се промени. Својата мајка ја гледам со поинакви очи и сега сфаќам што сѐ направила за мене. Сега знам што чувствува, колку ме сака мене и семејството, а тоа го знам затоа што сега јас сум опседната со Сторми.“ - искрено раскажува Кајли.

Иако признава дека понекогаш и е многу напорно да балансира помеѓу работата и мајчинството, научила како да постигне се и да има повеќе време за семејството.

„Ги обожавам своите фанови, сакам со нив да споделувам работи од својот живот и да им бидам пример. Но, некогаш тоа ми станува напорно па зимам слободна недела и ја поминувам само со Сторми. Понекогаш знаеме заеедно да одиме на излет за да побегнеме од сите. Мислам дека тоа го прават сите луѓе, без оглед на тоа дали е познати или не“ - рече Кајли.

„Да имаш дете значи да му бидеш пример, од кога се породив пробувам да внимавам што објавувам на Интернет. Пример сум и на младите девојки и ниту нив не смеам да ги разочарам“ - додаде Кајли.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: