(ФОТО) Тоа не се носи на свадба: Со фустанот Кајли Џенер ги разлути фановите на Џастин и Хејли
Популарниот пар Џастин Бибер и Хејли Болдвин се венчаа минатиот викенд во луксузното одмаралиште во Јужна Каролина, а на забавата присуствуваат околу 154 најблиски пријатели од светот на шоу - бизнисот.
На свадбата присуствуваше и најмладата милијардерка и позната ријалити ѕвезда Кајли Џенер, која неодамна стави крај на романсата со Тревис Скот со кој има и ќерка.
Непишано правило е дека на свадбите гостинките не треба и не смеат да носат гардероба со која ќе ја засенат невестата, но изгледа дека Џенер не е запознаена со овие обичаи.
Таа се појави во секси златна креација која е идеална за на црвен тепих и доделување на Оскари, отколку за венчавка. Длабокиот шлиц и деколте откриваат и премногу, а непотребно е да се истакне дека обожавателите на Хејли и Џастин не беа воодушевени од овој избор и ја обвинија Кајли дека е дрска и дека пробува да ја засени невестата.