(ФОТО) Трајче и Мина во црно, Мартија во бело: Како изгледаа тин ѕвездите на Макфест?
Како што веќе ви споменавме вечерва започна 34 - тото издание на Фестивалот за музика „Макфест“. На сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ 15 изведувачи ги претставија своите песни на штипската публика, но и на гледачите пред малите екрани.
Помеѓу ветераните, оваа година „Макфест“ забележа многу дебитанти, а истите дефитивно се потрудија и имаа комплетни сценски настапи.
Трајче Ѓоргиев беше првиот од младите тин ѕвезди. Тој се одлучи за балада, а кога е изгледот во прашање, кај него доминираше црната боја. На сцената беше сам, а неколку нача пред настапот за Хаштаг изјави дека очекува да заземе некои од првите места.
Следна беше Мина Блажев која ја отпеа „Не можам без тебе“, песна на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков. Нејзината песна беше во побрз ритам, а со неа на сцената имаше и танчери. Кога е изгледот во прашање и таа како Трајче се одлучи за црната боја, но истата ја разигра со сребрени патики и ремен.
Последната од новите ѕвезди на сцената настапи Мартија Станојковиќ. Пееше за „Возбуда и љубов“ песна со брз ритам, дело на Александар Масевски. Заедно со другарите од Dance Team Fusion, таа направи вистински бум на сцена. Сосема спротивно од нејзините колеги, таа се одлучи за бел фустан со асиметричен крој и бели патики.