(ГАЛЕРИЈА) #10YearsChallenge: Еве што ѝ се случи на Земјата за 10 години

(ГАЛЕРИЈА) #10YearsChallenge: Еве што ѝ се случи на Земјата за 10 години

Периодов не стивнува манијата со објавување фотки со хаштагот #10YearsChallenge. Додека сите се потсетуваат какви биле пред десетина години, некому едноставно му текна да ни покаже што се случило со Земјата последниве 10 години.

Неодамна на Инстаграм и секаде по социјалните мрежи стана популарен предизвикот #10YearsChallenge и токму кога сите започнаа да објавуваат фотографии од пред 10 години споредувајќи се со тоа како изгледаат денес, се појавија и такви кои овој предизвик малку го модифицираа. Имено, поголемиот дел од екологистите започнаа да објавуваат фотографии од Земјата пред 10 години и денес. Од она што може да се види на фотографиите состојбата и не е баш сјајна.

Според податоците на Business Insider, 2019 година за Земјата би била пресудна, ако не започнеме да внимаваме. Имено истражувањата покажале дека температурата на океаните во 2018 г. била и официјално најтопла досега. Научниците открија дека светските мориња и океаните се загреваат 40% побргу отколку што покажале предвидувањата.

Со оглед на ова повеќето луѓе како да не го разбираат проблемот со глобалното затоплување, па токму затоа многу организации и поединци започнаа на социјалните мрежи да објавуваат фотографии од Земјата во 2009 г. споредени со фотографии од денес, па така посликовито да ја објаснат ситуацијата.

Во продолжение погледнете само дел од фотографиите.



Можеби ќе ве интересира: