Генијални решенија: Трикови како да ја заштитите новогодишната елка од палавите миленичиња
Урнебесни идеи!
Новогодишните празници за многумина се најубавите дел од годината. Еуфоријата околу украсувањето на домот за некој е рај, а за некој пекол.
Меѓутоа, без никаква дилема, новогодишните празни најмногу ги сакаат нашите миленици.
Освен што тогаш сите сме дома, тие секогаш „крадат“ по некое залче од масата, а најсреќни се кога ќе добијат подароци.
Сепак, има и такви миленици кои се незапирливи кога се во прашање украсите и украсувањето на елката, бидејќи за нив тоа претставува нов извор на забава.
Многу сопственици поради тоа не украсуваат елка, бидејќи кучињата и мачињата може да бидат толку упорни во уништувањето на украсувате што нема да може да ги сопрете на ниту еден начин.
Само најхрабрите се осмелуваат на тоа да го украсат домот, иако имаат палави миленици.
Во продолжение погледнете неколку феноменални идеи од сопственици на кучиња и мачки кои се одлучиле да го украсат својот дом без оглед на тоа што се саботирани од страна на милениците.