Ги прави секој: 10 навики со кои им штетиш на своето здравје и убавина
Време е да промениш некои секојдневни навики.
Не мора да престанеш да ги правиш, но доколку успееш и само неколку работи да намалиш од оваа листа - тоа е голем напредок. За половина од работиве сигурно немаш слушнато досега.
Само затоа што нештото изгледа поедноставно да се направи, не значи дека е оправдано секој пат да бидеш мрзелив/а и да ги правиш работите на едноставен начин. Ова се однесува на многуте ситници кои ги правиш секој ден за време на своите рутини за разубавување. Погледни кои се тие и како секоја од тие навики ти штети.
# Секогаш налакирани нокти
Доколку си една од оние девојки која секогаш, ама баш секогаш, има налакирани нокти, сигурно си забележала откако ќе го отстраниш лакот и пред да го нанесеш новиот, како ти изгледаат ноктите - жолтеникаво. Ова не е необична појава, особено кај девојките кои преферираат лакови во потемни нијанси, бидејќи тие имаат силна боја во себе која остава дамки на твоите нокти. Не изгледа убаво, а ниту пак е здраво. Некогаш е убаво да ги оставиш ноктите да се одморат од лак.
# Бришење на лицето со крпа
Нормано е да го избришеш лицето со крпа откако ќе се измиеш, но таа мала навика работи против тебе. Крпите се одлично место за собирање на бактерии. Секој пат кога користиш крпа за лице подолго од едне ден, ризикуваш да ти се појават акни. Се препорачува бришење на лицето со хартиени марамчиња или редовно менување на крпата.
# Спиење со градник
Носењето на градник преку ден е сосема океј, спиењето со градник не е воопшто. Особено доколку ги носиш оние со жици. Може да преизвика иритација на кожата и доколку силно ти ја затегнува кожата може да предизвика проблеми со циркулацијата на крвта.
# Користење на валкани четки за шминкање
Никој не сака да внимава на четките за шминкање, но ова е многу важно. Создади си навика барем еднаш во неделата да ги испиреш оние со кои секојдневно се шминкаш. Така на својата кожа на лицето ќе и направиш голема услуга. Со користењето на валкани четки на лицето ставаш и бактерии. Доколку ти се појават мозолчиња или иритација на кожата на лицето - може да биде предизвикано од ова.
# Внесување на премногу сол во организмот
Дневно би требало да се конзумира една лажица сол. Тоа е препорачаната количина, која ретко кој се држи до неа. Доколку не ставаш премногу сол во храната тоа лицето ќе ти го запамети и ќе ти се заблагодари во подоцнежните години. Имено, оние кои конзумираат помалку сол, имаат и помалку бори на лицето.
# Чупање на веѓите
Никој не вели дека треба да престанеш да го правиш ова, бидејќи убаво обликуваните веѓи може да ти помогнат да се чувствуваш подобро и да изгледаш поубаво. Но, честото чупањето на веѓите не е паметен извор. Доколку започнеш да го правиш тоа додека си млада, тие со текот на времето ќе ти растат се помалку и помалку и никогаш повеќе нема да бидат како порано. Многу луѓе зажалиле подоцна во животот поради оваа навика.
# Оставање на жилетот во туш кабина или на работ на кадата
Изгледа логично да се остава жилетот на едно од овие места, бидејќи таму ги бричиш нозете. Тоа истовремено е и најлошото место на кое можеш да го оставиш жилетот, доколку сакаш подолго време да ти издржи. Доколку го оставаш на влажно место, сечилото многу порано ќе отупи и ќе почне да ти создава проблеми како што се поткожни влакна или иритација на кожата. Жилетот чувај го торбичката за козметика.
# Седење со прекрстени нозе
Поголемиот број од времето сите го поминуваме во седечка позиција, затоа е важно да се трудиш што е можно повеќе да внимаваш на тоа како седиш. Иако седењето со прекрстени нозе е најудобно, тоа не е добро за твојата циркулација на нозете. Таквото седење во комбинација со тесни фармерки може да резултира со тоа што ти се влошува држењето и може да се подгрбавиш, но и подоцна да имаш проблеми со крвниот притисок.
# Ставање на дезодоранс веднаш по бричењето
Не е тајна дека поголемиот број дезодоранси кои може да се најдат во дрогериите имаат силни хемикалии во себе. По бричењето, порите се отвораат на твојата кожа и кожата повеќе ќе ги впива производите кои ги ставаш на себе. Затоа е најдобро да избегнувате ставање на било што на тазе избричена кожа, освен хидратантни лосиони или природни дезодоранси.
# Чешлање на косата додека е се уште целосно мокра
По миењето на косата, таа е посебно заплетката и ќе посакаш да ја исчешлаш, но тоа никако не би требало да го правиш додека се уште е мокра. Подобро е да почекаш малку да се исуши и тогаш да се пуштиш во акција. Порите на твојот скалп по капењето се отворени и поголеми, а со секое поминување со чешел ќе ги оштетиш повеќе. Да го оштетиш сопствениот скалп не е она што го сакаш, бидејќи би можело да предизвика косата да ти паѓа повеќе.