Ги рушиме модните митови: Работи во кои сите веруваат, а не се точни
Навикнати сме да се ржиме до она што другите ни го кажале дека е подобро или дека изгледа поубаво, но во овие случаи тоа не би требало да го правиме...
Само затоа што веќе со години се верува дека некои модни парчиња облека или накит не би требало да се комбинираат, не значи дека треба цврство да се држиме до тоа и понатаму. Модата се менува, а така и модните правила. Ова се само некои кои се навистина застарени:
# Мит 1: Не можеш да носиш златен и сребрен накит заедно
Важно е само да се држиш до истиот стил на накит и големината на парчињата да не разликува многу.
# Мит 2: Не можеш да комбинираш повеќе од три бои во една комбинација
Ова важи и понатаму, доколку боите и парчињата облека се само облечени без никаква смисла и ред. Сепак треба сите парчиња да бидат поврзани за комбинацијата да изгледа добро.
# Мит 3: Оверсајз облеката ќе направи да изгледаш подебело
Трикот е во тоа што треба добро да го избалансираш целиот стајлинг, а доколку си умешна во тоа нема да имаш никаков проблем.
# Мит 4: Патиките не се за свечени пригоди
Да се појавиш на некоја свечена прослава во патики, наместо во балетанки или чевли на висока потпетица би било моден грев, но денес работите се променија. Комбинирањето на патиките и свечените комбинации стана нормална работа.
# Мит 5: Облеката од полиестер изгледа лошо и евтино
Со појавата на онлајн продавниците кои облеката ја испорачуваат од кинескиот пазар, можно е да ти се случи да нарачаш прекрасен фустан, но она што ќе добиеш да биде фустан од полиестер и да бдиеш разочарана. Но, немој да бидеш, бидејќи вистинскиот модел, искомбиниран со вистински додатоци ќе изгледа неверојатно.
# Мит 6: Доколку носиш црна облека ќе излгедаш постаро
Не станува збор за бојата, таа никогаш нема да направи да изгледаш постаро, туку тоа го прават парчињата облека и нивното комбинирање.
# Мит 7: Облеката со монистри е само за забави и свечени прослави
Ова е уште еден мит, а тоа што ти треба да го направиш е да внимаваш кога носиш некое вакво парче, остатокот од аутфитот да ти биде едноставен.
# Мит 8: Треба да ја фрлиш облеката која долго ја немаш носено
Како се менуваат трендовите, така се менува и нашиот вкус додека растеме. Можеби сега некое парче ти е катастрофа, а минатата година си го обожавала. Затоа спакувај го во кутија и излечи го од истата за две години, сигурно ќе го смениш мислењето.