Ги засени Бекам и Пит: Млад актер прогласен за најдобро облечен маж на светот
Модата не е резервирана само за понежниот пол, па така во овие води многу мажи пријатно изненадуваат.
Тимоти Чаламет е прогласен за најдобро облечен маж од светот на познатите. Тој оваа титула ја „заработи“ благодарејќи на својот неверојатен имиџ и стил кој не се срами да го покаже на црвениот тепих, пишува Independent. Зад себе ги остави Бред Пит, пејачот Трој Сиван и ракерот Скепта.
На целата листа има 50 мажи кои најдобро се облекуваат, а истата ја објави магазинот „GQ“.
Актерот кој има 23 години, го имаше на многу насловни страници, кога на фестивалот во Венеција на премиерата на неговиот нов филм „The King“ се појави во одело, потпишано од „Louis Vuitton“. Со овој стајлинг предзвика вистинска еуфорија кај обожавателите.