Ги збуни сите: Мили Боби Браун во венчаница со панталони
Младата актерка Мили Боби Браун го имаше својот голем влез на Screen Actors Guild Awards во 2020 година, а како и обично на црвениот тепих Мили беше вистинска ѕвезда.
Исто како нејзиниот избор на облека, испраќаше вибрации од 80 - тите години. Таа носеше наметка со панталони во боја од слонова коска, со што даваше впечаток како да е невеста, а тоа ги збуни нејзините обожаватели.
Како додаток, Мили се одличи за дијаманти, сребрен часовник, нежен брош на наметката и бели салонки со ременчиња. Исто така, не смееме да ги запоставиме екстензиите во боја на кафе.
За жал актерката не беше номинирана за никакви награди, но беше присутна како претставник на серијата „Stranger Things“.