Гламур и сјај на нивен начин: Ќерките на Јелена Карлеуша, Новата година ја прославија во раскошните фустани на мајка им (ФОТО)

Гламур и сјај на нивен начин: Ќерките на Јелена Карлеуша, Новата година ја прославија во раскошните фустани на мајка им (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Јелена, Новата година ја дочека работно, а друштво ѝ правеа нејзините ќерки...

Пејачката Јелена Карлеуша за дочекот на Новата година имаше настап во еден хотел во српската престолнина, меѓутоа, овој пат имаше посебна публика и поддршка, со оглед на тоа што со неа беа и нејзините ќерки - Атина и Ника.

Тие одбраа посебни креации за кои и самата Јелена зборуваше, а со изгледот на своите наследнички се пофали и на Инстаграм.

„Атина и Ника се тука, беа и минатата година, сега веќе во фустаните и чевлите на мама, тоа можам да ви го кажам, тие се веќе големи девојки, мнгоу сум горда поради тоа“ - изјави пејачката.

Атина, која се занимава со манекенство, одбра тесен светкав фустан, кој го имаше искомбинирано со сребрени високи потпетици, додека Ника за најлудата ноќ во годината, носеше црно фустан со светки и рамни обувки.

Уште од своето раѓање, овие девојчиња се под лупата на јвноста, а сега нема сомнеж дека станаа и вистински убавици, кои не се ништо помалку популарни од своите родители.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: