Го гледате чудото од дете: Повторувал трето одделение, а на 15 години има две факултетски дипломи (ВИДЕО)

Го гледате чудото од дете: Повторувал трето одделение, а на 15 години има две факултетски дипломи (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Освен што веќе има завршено два факултета, доста сличен на секој друг тинејџер. „Тој е вистински глупак кога се во прашање видео игрите“, се пошегувала неговата мајка, додавајќи дека Џек има сестра со аутизам за која секогаш се грижи и дека „најдоброто нешто кај него е неговото срце“.

Имено, 15-годишниот Џек Рико стана најмладиот човек кој некогаш дипломирал на Универзитетот Невада во Лас Вегас.

Тој ја добил својата додипломска диплома оваа недела и ја додаде на дипломите што веќе ги поседува од Универзитетот Фулертон, кој го заврши на 13-годишна возраст и каде што е исто така најмладиот човек кој има диплома досега.

Тој нагласи дека бил многу добро примен од другите студенти и професорите на факултетот и дека не бил третиран како дете. Џек сега ги завршил студиите по историја, а се уште не е сигурен која област ќе ја избере на постдипломските студии.

Интересно е што повторувал трето одделение од основното училиште. Постигнал натпросечни резултати на училишните тестови за интелигенција, но некои предмети едноставно не му „оделе“. Неговите родители тогаш решиле да го школуваат дома.

„Ниту едно дете не е исто, бидејќи некои деца напредуваат подобро во училишната средина, други напредуваат подобро додека учат дома... Мислам дека тоа треба да биде изборот на детето“, изјавил Рико за КТНВ.

Неговата мајка Ру Андраде вели дека уште од мали нозе покажувал знаци на висока интелигенција. За четвртиот роденден сакал да ја види Белата куќа. Неговите родители му рекле дека може ако ги запамети сите американски претседатели. Рико го направил токму тоа, а патем ги научил и имињата на сите потпретседатели - за секој случај.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: