Само да не ја задеваат другите деца: Мајка ги депилира споените веѓи на својата 3-годишна ќерка (ВИДЕО)
Леа Гарсија (31) од Америка предизвика жестоки реакции кога на Интернет објави видео на кое ги депилира споените веѓи на нејзината 3-годишна ќерка Блис. Мајката откри дека Блис ја замолила да го направи тоа, откако ја видела како таа ги депилира веѓите на нејзината постара сестра Бехаута (11).
Леа тврди дека не сака нејзините две ќерки да бидат малтретирани исто како што била таа додека растела.
„Кога имав 10 години, ги земав своите споени веѓи во свои раце, бидејќи од 5 години, сериозно ме малтретираа поради нив“ - изјави мајката.
„Се сеќавам дека и возрасните го потенцираа тоа и никогаш нема да заборавам кога едно момче на училиште ме праша: „Зошто ти се толку големи веѓите?“. Моите родители немаа друг избор освен да ме однесат во козметички салон за да го средам тоа. Ги исчупав и почувствував олеснување“ - додаде таа.
Леа вели дека нејзините родители верувале дека нејзините веѓи не треба да се допираат додека не достигне одредена воразраст и ја поттикнале да се сака себеси. Иако ѝ влевале самодоверба да го надвладее злоставувањето, ниту една позитивна афирмација не ја променила нејзината несигурност.
@leah_txrealtor My fellow mexicans, y’all understand! #fyp #momsoftiktok #badmom #mexicantiktok #andGO original sound - Leah Garcia
„Се чувствував толку добро кога се издепилирав првпат. Само сакам да спречам, Блис да биде мета на насилници додека не стане доволно возрасна за да се залага за себе. Имам најдобри намери за неа. Смешно е што луѓето мислат дека тоа е поради мојата суета. Наша работа е да ги спречиме нашите деца да чувствуваат болка“ - вели оваа мајка на две деца.
Леа откри дека почнала да ѝ ги депилира веѓите на постарата ќерка, кога таа наполнила 8 години, а токму тогаш и ја заполила да престане да го прави тоа. Следната година, девојчето само ја замолило мајка си повторно да ја извади споената веѓа.
„Никогаш не би направила нешто што тие не сакаат да го правам“ - вели таа. Мајката не им ги депилира другите делови на телото на ќерките, туку само споените веѓи.
„Многу малку луѓе на овој свет сакаат да имаат споени веѓи. Луѓето ми испраќаат фотографии од познати манекенки со споени веѓи, но светот е сосема поинакво место за супермоделите. Ги депилирам веѓите на своите ќерки и тоа е наједноставниот начин за да ги заштитам“ - заклучува таа.
фото: Принтскрин / ТикТок