Го мразам моето тело! И момците се загрижени за надворешниот изглед

Го мразам моето тело! И момците се загрижени за надворешниот изглед

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Надворешниот изглед не е тема со која се оседнати само девојките. И момците се несигурни со својот надворешен изглед. Првите влакна на лицето, мозолчињата, прекумерната тежина, висината и што ли уште не. Срамот од сопственотo тело во тинејџерските години може да биде навистина голем проблем. За да не се опседнуваш толку со надворешниот изглед, особено додека се развиваш ти нудиме неколку совети кои ќе ти помогнат.

Почитувај го сопственото тело

За да го подобриш мислењето за сопственото тело почни да се грижиш за него. Со вежбање и спорт за многу кратко време ќе се развиеш и ќе изградиш совршено мислење за себе, а со тоа и ќе го засакаш сопственото тело.

Подобри го одразот во огледало

Редовната хигиена, средената коса и носењето чиста облека ќе ти помогнат да го засакаш одразот во огледало, а со тоа и сопственото тело.

Препознај ја сопствената сила

За време на физичкиот развој и пубертетот најдобро е да започнеш да се занимаваш со некој спорт. Доколку немаш талент за спорт тогаш откриј ги другите твои вештини, на пример почни да сликаш, пишуваш или да пееш.

Биди она што си 

Твоето тело е она што си ти. Затоа не дозволувај средината да влијае врз тебе и биди она што си. Најважно е да си го сакаш сопственото тело и да не создадеш преголема опсесија со тоа како изгледаш.

Опушти се и уживај

На крајот не се опторварувај премногу со надворешниот изглед. Сликата за тебе како личност не ја дава само она како изгледаш туку и како се однесуваш. Не срами се од она што си, разговарај, смеј се и опушти се.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: