Го нарекуваат „момчето на љубовта“ затоа што е роден со необичен белег на лицето: Сите сакаат да се фотографираат со него
Момчето на љубовта...
Бебето е родено со необичен знак на љубов на лицето поради кој сите сакаат да се фотографираат со него. Кога се роди Цинар Енгин, медицинските сестри во породилната сала извикале: „Неверојатно. Тој е момчето на љубовта“.
Кога го исчистиле, забележале дамка во облик на срце на неговото лице и му го дале тој симпатичен прекар. Момчето сега има 4 години, а неговите родители Мурат и Џејда Енгин многу го сакаат. Момчето беше толку голема ѕвезда во породилната сала што сите сакаа да се сликаат со него. Гордите родители изјавија дека нивното момче има многу обожаватели кои сакаат да се фотографираат со него.
Таткото на Цинар објаснил: „Го сакаме него и неговата пеги. Откако медицинските сестри му ја исчистија главата, јас прв го видов знакот. Бев изненаден. Кога се приближив, видов дека тоа е дамка во форма на срце. Ми беше тешко, а да не заплачам“.
„Една медицинска сестра го нарече љубовно момче. Потоа дојдоа уште неколку сестри и веднаш сакаа да се сликаат со него. Кога неговата мајка го видела знакот, почнала да плаче. Тоа беше навистина дар од Бога. Никој од нас немаше никакви негативни чувства. Веруваме дека тој е роден таков со причина“, додал тој.
Цинар ги топи срцата на секој што ќе го запознае. „Кога одиме, сите луѓе му се смешкаат и веднаш им се допаѓа“, рекол неговиот татко.
Тој додал: „Сите наши пријатели се заинтересирани за тој негов знак бидејќи е во форма на срце“. Го нарекуваат момче на љубовта. Кога одиме во болница на редовен преглед, веќе сите го познаваат и го нарекуваат „момчето-срце“. Тој веќе има многу фанови“.
Денеска овој мал шармер има четири години, а неговиот знак продолжува да ги изненадува сите.
Фото: ИнстаграмИзвор: Dnevne.net