Го обожаваме: „Micro French“ маникир е новиот тренд на „TikTok“

Го обожаваме: „Micro French“ маникир е новиот тренд на „TikTok“

Објавена во: Мода // Must have

Фото: ELLIELOUISENAILS/AMBERJHNAILS/INSTAGRAM

Францускиот маникир за многумина е синоним за совршено негувани и елегантни нокти, особено ако зборуваме за класичната варијанта со „nude“ основа и бел врв на ноктите. Големата популарност на овој маникир доведе до појава на нова варијанта - трендот „микро француски“, кој е сè попопуларен на TikTok.

Овој нов тренд добива сè поголема популарност на TikTok со речиси 300 милиони прегледи, но и бројни познати жени, како Хејли Бибер или Џенифер Лопез, сè почесто го практикуваат и промовираат.

Што е „Micro French“ маникир?

Козметичарката Хуанита Хубер-Милет објаснува како овој маникир е нежен и модерен изглед на класичниот француски маникир.

„Наместо дебел бел врв, овој маникир обично има тенка, нежна линија насликана по должината на работ на ноктот, давајќи му посуптилен, уникатен изглед“, објаснува Хуанита. Иако „микро францускиот“ маникир се заснова на едноставноста на класичниот француски маникир, тој изгледа позабавно и покреативно благодарение на употребените интензивни бои.

@disseynails How to create micro frenchies with no tools! #summernails #frenchtip #frenchtipnails #lightslacquer #tutorial #nailhack #nailsathome #fyp #nailtutorial

Техничарот за нокти Шарлот Најт вели дека овој маникир е одличен избор доколку имате кратки нокти. „Ако имате кратки нокти или се обидувате да ги израснете, микро врвот одлично ги издолжува вашите нокти и ви овозможува да имате акцент без да го промените изгледот на ноктот на начинот на кој би подебелиот врв“, објаснува Шарлот.

Техничарката за нокти Шарлот Најт вели дека овој маникир е одличен избор доколку имате кратки нокти. 

„Ако имате кратки нокти или се обидувате да ги израснете, микро врвот одлично ги издолжува вашите нокти и ви овозможува да имате акцент без да го промените изгледот на ноктот на начинот на кој би го направил тоа подебелиот врв“, објаснува Шарлот.

Овој маникир е одличен избор и за подолги нокти кои можат да експериментираат со различни ефекти и текстури. Овој тренд овозможува безброј модификации и комбинации на различни бои, без оглед на вашите преференции. Поради големиот број на можности кои ги нуди овој маникир, секогаш можете да пробате нови стилови соодветни за секој ден, како и за посебни пригоди.

извор: joomboos.24sata.hr

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: