Го следел својот сон и заминал: Милан е еден од најдобрите фотографи во Америка
Милан Лазиќ е фотограф од Смедерово кој е во Чикаго веќе трета година и е еден од малкуте луѓе кој таму се занимаваат со иста работа со која се занимавал и во Србија. Имено, тој фотографира и снима венчавки, а паровите кои го бираат неговиот објектив за својот најсреќен ден во животот, добиваат единствени спомени.
Лажиќ е рангиран помеѓу десетте најдобри „wedding photo journalist“ во Америка, во државата Илиноис се наоѓа на второто место, а во градот Чикако го зазема првото место.
„Најважниот фактор за моето заминување беше мојата кариера, односно тоа што ми беше оневозможено да се заминавам со мојата професија во Србија, бидејќи скоро и не постои ресторант каде идните младенци може сами да го одберат својот фотограф. Најчето фотографи и одбираат сопствениците или менаџерите на рестораните, кои ги уценуваат дека мора да платат додатни пари доколку сакаат да имаат фотограф по сопствен избор. Иако веќе ја наплатиле својата услуга со изнајмување на просторот и кетерингот, тие и понатаму ги уценуваат со изборот на фотограф иако тоа е протовзаконито. Тажно е, но вистинито. Можеби наскоро тие ќе мораат да му платат на сопственикот на ресторанот и за изборот на кум“ - раскажува Милан за telegraf.rs.
Тој истакнува дека работата на фотографот на венчавки е многу тежок. Во работата најмногу му помага сопругата, со која има две деца. Ана е задолжена за контактите со клиентите, да им помага околу организирањето на венчавката, како и за работата околу маркетингот.
„Имало и необични побарувања , на пример еден пар го фотографиравме на гробишта. Многу беше чудно. Фотографираме и многу мултикултурни венчавки како што се индиски, нигериски, кинески итн. И тоа е секогаш интересно. Таквите венчавки се напорни, бидејќи треба да се внимава на сите обичаи и традиции, слично како и кај нас. Овде целата организација е прескапа и се трошат многу пари на се. Нема простор за грешка“ - истакнува Милан.