Гушкајте силно: Денес е светскиот ден на прегратката
21 јануари е Меѓународниот ден на прегратката!
Колку пати дневно ја гушкате саканата личност? Почнете да го правите тоа малку почесто. Прегрнете некого денес, прегратката ја отстранува депресијата, лошото расположение и ве прави посреќни. Не штедете на прегратки, тие се бесплатни.
Меѓународниот ден на прегратката е годишен празник „официјализиран“ во 1986 година во Мичиген и се слави на 21 јануари. Психолозите веруваат дека пет до шест прегратки дневно ќе ви го направат животот подолг и поубав. Дека гушкањето има лековити својства, потврдуваат зборовите на психологот Вирџинија Сатир, дека на човек му требаат четири прегратки дневно за да преживее, осум прегратки дневно за да се одржи, а дванаесет прегратки дневно за да напредува. Светски познатиот психолог Џек Канфилд во својата теорија за гушкање наведува дека гушкањето е здраво, сосема природно и практично совршено.
Традиционално, празникот се обележува со силни прегратки, па дури и со странци. Се верува дека за време на прегратка луѓето разменуваат топлина на душата. Психолозите истакнуваат дека луѓето кои сакаат да се прегрнуваат сакаат да чувствуваат сигурност, удобност и љубов и желбата да допрат друга личност ја толкуваат како израз на доверба. Затоа денес подарувајте прегратки по своја волја и покажете ја својата љубов кон вашите најблиски!