Хари е неутешен: Постојано им се јавува на пријателите
На принцот Хари му недостасуваат неговите пријатели од Велика Британија и чувствува носталгија за домот...
Хари поради љубовта и заштитата на своето семејство одлучи да се пресели далеку од Велика Британија и тоа во Канада со својата сопруга, Меган Маркл. Но, откако се пресели, сфати дека многу му недостасуваат пријателите и дека чувствува носталгија за домот, јавува Cosmopolitan.
На пријателите пробува да дојде на сите можни начини, па така им се јавува преку WhatsApp каде редовно им испраќа пораки, видеа и фотографии за да биде во контакт со нив.
„Не сака да се одрече од своите пријатели само поради тоа што се пресели на другиот крај на светот. Ќе им остане верен целиот живот и многу се грижи за нив“ - рече еден од изворите, кои се блиски до кралското семејство. Пријателите отсекогаш го фалеле дека е пријател кој секој би го посакал, а тој со ова го докажува истото.
„Со пријателите веќе со години имаат група на WhatsApp, а во таа група секогаш се споделувале смешни видеа и принцот Хари нема да се откаже од нив“ - заклучи изворот.