Хејли Бибер го има одговорот: Како да го износите костимот во лежерна варијанта?
Со ова парче може да експериментирате колку што сакате
На ова модно парче во последно време ретко кој може да одолее. Костимите станаа задолжителни парчиња оваа сезона, а секоја девојка има барем еден во својот плакар.
Во него се чувствуваме моќно, а воедно и женствено, а таа комбинација е полн погодок.
Заблуда е дека може да го носат деловните жени. Доколку се искомбинира на вистински начин, тоа може да биде одличен аутфит за една млада девојка. Стајлингот на Хајли Бибер е одличен пример како да го изведете тоа, а да не направите ниту една грешка.
Таа се одлучила за смела боја, која е одлична за девојки кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Дуксерот и патиките феноменално се вклопени во комбинацијата и на истата и даваат лежерност, а благодарение на костимот, стајлингот содржи ниво на елеганција.
Дали сте се прошетале досега во ваков аутфит?