Хeјли Бибер го прекина молчење: Проговори за проблемите во бракот за кои зборуваат сите

Хeјли Бибер го прекина молчење: Проговори за проблемите во бракот за кои зборуваат сите

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Хeјли Бибер им одговори на сите за гласините кои кружат за неа и нејзиниот сопруг...

Хeјли Бибер одлучи да проговори за гласините што се ширеа на социјалните мрежи во последните неколку дена. Додека таа моментално поради деловни обврски е во Венеција, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер во Лас Вегас, таа реши да им одговори на сите хејтери и оние кои се вклучени во нивната драма преку стори на Инстаграм.

Драмата во бракот на Хејли и Џастин Бибер продолжува- неодамна беше објавено видео од казино во Лас Вегас во кое двојката заминува во придружба на обезбедување по концертот на Џастин. Но, драмата настана затоа што обожавателите на тоа видео го снимија Џастин како во еден момент ѝ вика на сопругата Хејли, со што ги „потврди“ гласините дека се однесува лошо кон својата сопруга.


Видеото стана вирално на социјалните мрежи, па Хејли реши да проговори за инцидентот од видеото преку стори на Инстаграм, пренесува Мирор: „Сеќавајќи се колку беше одлично минатиот викенд. Убаво си поминав опкружена со љубов. Секоја друга приказна што кружи е повеќе од лажна. Не верувајте во негативните луѓе“ - напиша Хејли.

Дали нејзиниот одговор значи дека нема никакви проблеми во нивниот брак или сакаат само да ја измамат јавноста и да ги намалат гласините за нивните проблеми? На овие прашања само тие го знаат одговорот, а хејтерите секогаш ќе имаат лоши гласини да ги споделуваат.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: