Helen Doron Educational Group прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво (ВИДЕО)

Helen Doron Educational Group прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво (ВИДЕО)

Објавена во: После „Школо“ // PR

Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво од  престижниот Global Franchise Magazine, а со тоа се препознава како докажан светски бренд кој што е лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година, лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.

Helen Doron English e глобална франшиза и постои веќе 35 години. Застапена е во повеќе од 40 држави,на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиона едуцирани деца . Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот  систем на едуцирање на децата преку кој што децата се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одличноизградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.

Среќни сме што можеме да го споделиме чувството на среќа дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи.Франшизата„Хелен Дорон“ во Македонија е застапена во 14 училишни центри, на 14 локации и во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани  и задоволни  ученици, како и двојно поголемиот број на задоволни  родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава.„Хелен Дорон“ во Македонија е една од докажаните социјално - одговорни компании, која што секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството на различни теми кои се од голема  важност како што се: децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др. 

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: